Пиратската Партија доби едно место во Европскиот Парламент
Пиратската Партија од Шведска доби едно место во Европскиот Парламент со 7% според официјалната страна за парламентарните избори во Шведска.
Преку Gizmodo
Пиратската Партија од Шведска доби едно место во Европскиот Парламент со 7% според официјалната страна за парламентарните избори во Шведска.
Преку Gizmodo
Само што го преселив стариот блог tumblr блог на wordpress, хостингот ми го даде Стама (тенкју вери мач) . Иако tumblr е прилично добар сервис, вака си имам своја инсталација на wordpress (новиот wordpress е закон!!!) и прилично кул домеин.
Постовите ги преселив со една скрипта од тука, и потоа внесов преку admin интерфејсот, Tools > Import > Wordpress. Коментарите не ми се зачуваа али нема везе, и така немаше нешто интересно
Вчера бев у Гостивар со школо, на натпреварот на стручни средни училишта од Македонија. Првпат идам на натпревар од ваков тип.
Презентирав distcc кластер со 3 компјутера, но комисијата беше катастрофа и не ме разбраа ништо од тоа што им презентирав, што не е чудно бидејќи беше составена од по еден професор од шпедиција, машински и електро. Чудно како ми дадоа 60 поени кога на други со подобар труд им дадоа 50, веројатно бидејќи не ме разбраа воопшто. Другите учесници исто така тешко ги презентираа нивните трудови, поради нетрпениото, незнаењето и арогантното однесување на комисијата.
На крај имаше 3 трудови кои го делеа првото место, од кои ментор на едниот победнички труд беше еден член од комисијата, другите два беа мини фабрика на тимот од штип и виртуелниот часовник на ден ученик од мое школо. Исто така беше чудно беше тоа што сите 3 трудови беа оценети со по 80 поени, прилично смрдлива ситуација.
Сепак, бидејќи имавме доста време да се прошетаме добро си поминавм, повеќе беше нешо ко geek-only екскурзија него ли сериозен натпревар.
Ifplugd е unix daemon за plug & play поврзување на мрежа, односно се поврзува кога е поврзан мрежниот кабел и се гаси доколку се извади. Иако истата функција ја има и NetworkManager Ifplugd е поедноставно решение за компјутери што се поврзуваат преку мрежниот адаптер.

KDE 4.2
Со најновата надградба на KDE 4.2 решен е проблемот со лошите перформанси со слободниот Ati драјвер, и сега KDE лета на мојата машина. Иако не е созреан проект како KDE3.5, речиси сите опции се тука, во иста или друга форма, додека qt4 и plasma овозможуваат брзина, корисен интерфејс и неверојатно многу простор за модификација.
Update (4.2 НЕ 4.3, ботле сум)
Излезе KDE 4.2, првото издание од KDE 4 серијата кое ја продолжува славата на KDE 3.5. Од 4.1 изданието многу багови се поправени и многу нови работи се додадени, а највпечатлив е новиот оригинален изглед.
Ray Kurzweil, познат како пророкот на идејата за технолошки сингуларитет пред 10 години напишал доста опширен есеј за технологијата и културата во 2009. Иако многумина ги сметаат неговите идеи за невозможни и неостварливи, неговата визија за 2009 е прилично реална, компјутерите ги имаме во сите формати и големини и се користат скоро секаде за се и сешто, а интернетот ги тепа традиционалните медиуми и забавната индустрија.
Од друга страна сеуште немаме паметна облека, виртуелни продавачи и доктори, гласовен интерфејс, дигитална хартија и др. во секојдневниот живот, но сето тоа е позади аголот.
Пред некој ден излезе Amarok2 beta 3. qt4/KDE4 реинкарнацијата на најзшизичкиот музички плеер евер. Иако веќе некое време ја користам svn верзијата на amarok, beta 3 е последна бета пред официјалната 2.0 верзија, па тек сега е доследно да се сумира што е закон, што е срање и да се даде конечна осуда.
Ко прво, главниот прозорец е доста фино среден, централно место е plasma powered инфо панел, во основа ова е Context tab на стероиди, по конфигурабилен и супер модерен. Може максимално да се конфигурира па и да се сокрие доколку не е потребен.
Десно е листата на нумери за пуштање, првин изгледа многу bloated, но во суштина е многу подобра имплементација, албумите фино се распоредени, плакатот од албумот се гледа на секоја нумера, и очите не мора да се замараат да шетаат многу при читање како кај хоризонталниот преглед на листата.
Од лева страна е крши гз’ страната на amarok2. преку интернет табот може да се дојде до музика од многу различни извори, last.fm, jammendo, magnatune, ampache сервер, libravox, bbc, mp3tunes, како и илјадници shoutcast радио станици и opml подкасти. Благодарение на богатото API секој може едноставно да напише client за некој друг веб музички сервис.
Слушање на омилените нумери на пријателите
Тука е и новата верзија на динамички листи, каде што амарок ви додава нумери врз основа на дефинираната сличност со сегашната нумера. Единствена мана е што сеуште нема готови предефинирани листи, но благодарение на лизгачот за проценти и копчето за бирање на таг за совпаѓање многу лесно се конфигурираат и користат.
Не изгледа кул ама е, инсталирање и конфигурирање на скрипти за само неколку клика и qscript интерпретатор за тестирање на код во реално време.
Новата имплементација за скриптирање (преку Qscript) овозможува по стандаризирано, лесно и флексибилно создавање на скрипти, кое ќе овозможи функционалност на плагини преку обични скрипти.
Има некои додатни опции (не се толку критични за да останете на 1.4
)кои уште не се достапни, а кои ќе бидат во идните верзии, излистани тука, кои и не ги користам толку (освен Show new tracks in collection). Исто така има неколку отфрлени опции, кои не би ги нарекол отфрлени, туку реимплементирани на друг начин.
Единствена замерка имам за користењето на хардкодирана сива боја кај делот со копчињата, контролата за гласност и лизгачот.
Пред некој ден инсталирав Awesome3 и почнав да го користам интензивно, со што сеа и јас сум l33t
.
Шала на страна, Awesome е многу закон менаџер на прозорци, целата конфигурација е преку lua скрипти кои се многу лесни за разбирање и се е онака супер кул, башка tilling е многу корисен и ефикасен начин на користење на компјутер.
Препорачано за сите што сакаат да пробаат нешто различно од старата десктоп метафора.
Update: пошо i suck at blogposts, ги забораив конфигурациските фајлови rc.lua и default темата (со мали измени). Овде е Uber-kool тапетот.